14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Оваа година без ревија на најубавите жени на светот? „Викторијас сикрет“ го откажа шоуто!

Најчитани вести

Манекенката на „Викторијас сикрет“, Шанина Шајк, тврди дека оваа година нема да се одржи годишната модна ревија на долна облека на оваа позната модна марка.

Шајк, која за првпат се појавила на оваа ревија во 2011 година, изјавила дека настанот е откажан, но верува дека веќе од следната година повторно ќе почне редовно да се одржува.

„За жал, шоуто на „Викторијас сикрет“ нема да се случи оваа година. Тоа е нешто на кое не сум навикната бидејќи секоја година во овој период тренирам за настанот“, вели Шанина.

Иако сè уште нема официјални информации и коментари, порталот „Индепендент“ пишува дека ревијата е наводно откажана поради сè помалата гледаност.

Шоуто се прикажуваше речиси две полни децении на телевизија. Ревијата, само во 2018 година ја гледале 3,3 милиони гледачи, што е голем пад за разлика од 2013 година, кога шоуто го проследиле 9,7 милиони гледачи.

Неименувани извори од компанијата велат дека шоуто ќе се адаптира на новите платформи./plusinfo.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com