18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Оваа апликација ја користат милијарди, а нема ни основна заштита на корисниците

Најчитани вести

Ако сакате да имате посигурна опција, користете ги паралелно WhatsApp и Signal, советува експерт за компјутерска безбедност.

Поради бранот на критики, WhatsApp одлучи да ја одложи примената на новите правила за користење на нивната апликација до средината на мај. И, додека корисниците ширум светот се уште се двоумат – дали да се префрлат на нова апликација или да останат на WhatsApp, експертите за компјутерска безбедност предупредуваат на друг производ на Facebook кој претставува поголема закана за безбедноста на корисникот, а за кој малку се зборува.

Според експертот за компјутерска безбедност Зак Дофман, поголем проблем е безбедноста на Facebook Messenger, апликација за допишување која првично беше создадена како дел од Facebook и сега се користи самостојно. Дофман предупредува дека Messenger е најслабата апликација за пораки, кога се однесува за заштитата, бидејќи воопшто нема опција за криптирање пораки.

Нема изговор за тоа, предупреди Дофман.

Имено, опцијата која ја штити приватноста на пораките кои корисниците ги разменуваат на WhatsApp, енкрипцијата на двата краја (и со испраќачот и со примачот), не постои на Messenger. Единствениот начин корисниците да бидат навистина сигурни дека Facebook (или било кој друг) нема да видат што пишува е да се вклучи опцијата „таен разговор“. Но, оваа опција мора сами да ја уклучат и тоа се однесува само на испраќање пораки директно помеѓу две лица, а не во групите.

„Кога е вклучено, го оневозможува Facebook да ги чита вашите пораки и да ги прегледува вашите линкови и прилози“, предупредува Дофман.

Тој посочува дека количината на податоци што ги собира Facebook преку Messenger е толку голема што ако Facebook не направи чекор напред и не ги примени барем истите безбедносни стандарди какви што им ги обезбедува на корисниците на WhatsApp на Messenger, корисниците треба да ги напуштат без размислување.

Тој предупредува дека Instagram (друг производ на Facebook) е дури и полош од Messenger кога станува збор за количината на собрани податоци.

Па, што да се направи на крајот на краиштата? Дофман има едноставна пресметка.

„Ако сè уште сте на Messenger или ако ги користите Instagram-пораките за нешто друго, освен за комуникација со компаниите од кои купувате нешто или инцидентни контакти, време е да се префрлите. WhatsApp сè уште е наједноставната опција бидејќи веројатно ја користат сите ваши контакти. Ако сакате да имате побезбедна опција, користете Signal паралелно, објаснува Дофман, додавајќи дека секој треба едноставно да ги префрли своите контакти од Facebook Messenger na WhatsApp или Signal. И тоа веднаш“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести