5.8 C
Skopje
Wednesday, October 27, 2021

Објавен таен документ: Поврзаноста на распадот на Југославија, САД и Ал Каеда

Најчитани вести

Швајцарската разузнавачка служба објавила документ во кој наведува дека САД во војната во Југославија користеле паравоени сили од кои настанала Ал Каеда.

Како што пренесува “Večernje Novosti”, САД во војната во поранешна Југославија ги користеле истите паравоени сили со чија помош претходно војувале против Советскиот Сојуз во Авганистан.

Тие сили подоцна ќе го понесат името Ал Каеда, а на истите темели подоцна се развиле и останатите терористички организации на милитантните муслимани, како што е ИСИС, се наведува во документите на швајцарската служба, за кои белградскиот дневник вели дека го виделе светлото на денот.

Во документите се наведува дека политичката и медиумска пропаганда, кои служеле како рамка за распарчување на поранешна Југославија, во меѓувреме биле добро истражени.

Тоа што ситуацијата ја разликува од на пример, војната во Ирак, е фактот дека бројни медиуми и коментатори до денес настојуваат да ги одбранат тогашните официјални верзии за околностите под кои се одвивала војната во Југославија.

Во документите, меѓу другото, се потсетува и на случајот со масакрот на сараевскиот плоштад “Маркале”, за кој првобитно биле обвинети силите на босанските Срби, додека подоцна во тој, како и во некои наредни случаи, офицерите на мисијата на ОН во Босна заклучиле дека злосторството најверојатно го спровеле босанските воени сили кон сопственото население.

Швајцарците, како што пренесува “Novosti”, укажуваат на тоа дека во воената стратегија овој зафат се нарекува “напад под лажно знаме”.

Во документите се наведува дека списокот на пропагандни примери, со кои медиумите создавале рамка за војна во Југославија и кои длабоко влијаеле на јавното мислење и на карактерот на тој судир.

Во документите под такви пример се споменуваат “спрскиот логор на смртта Трнопоље”, “Маркале”, како и Сребреница, за која се наведува дека е “најтажниот врв на војната во Босна”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com