Викендов во Скопје започна со снимање нова турска серија која го носи насловот „Балканска приспивна песна“.
Како што соопштија продуцентите на серијалот, снимањето започнало на 14 мај, додека филмот ќе ги прикажува искрените и радосните приказни на балканскиот народ. Овој сериски филм во летниот период ќе биде прикажан на ТРТ 1.
Серијалот ќе ја раскаже љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, кој 600 години беше османлиски град, каде што заедно живеат различни националности, како Турци, Албанци, Македонци. Ќе се раскаже нивната борба во насока на тоа во име на љубовта да го постигнат тоа што е невозможно.