10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Објавени првите фотографии од Дајана и Чарлс од новата сезона на „The Crown“: „Нашите нови принц и принцеза“

Најчитани вести

На службениот Твитер профил на серијата на „Netflix“ – „The Crown“ се објавени првите фотографии од принцезата Дајана и принцот Чарлс во петтата сезона од серијата.

Улогите ги толкуваат Елизабет Дебики и Доминик Вест.

„Нашиот нов принц Чарлс и принцезата Дајана“, стои во описот на фотографијата.

Петтата сезона ќе го следи животот на кралското семејство во раните 90-те години.

„Духот на принцезата Дајана, нејзините зборови и постапки живеат во срцата на многумина. Вистинска привилегија е и чест што се придружи во оваа серија на која многу од луѓето се навлечени уште од првата епизода“, изјавила Дебики.

Во четвртата сезона Дајана ја глумеше Ема Корис која освои и Златен глобус за улогата.

Минатиот месец беше објавена и правата фотографија од кралицата Елизабета во петтата сезона на „The Crown“.

„Ран поглед на нашата нова кралица Елизабета II“, напишале тогаш.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com