8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Објавена најавата за втората сезона на серијата која многумина ја сметаат за најлоша на сите времиња на „Netflix“

Најчитани вести

Пристигнува втората сезона од серијата „Emily in Paris“. Емитувањето на втората сезона од серијата ќе започне на 22 декември на стриминг платформата на „Netflix“.

Новата сезона ја следи маркетинг експертката Емили Купер чија улога ја толкува Лили Колинс, на нови сликовити места на југот од Франција.

Во најавата се гледа како Емили ужива во својот одмор, а ѝ се придружуваат пријателките Минди Чен и Камели.

Одморот вклучува и уживање покрај базен, раскошни забави во вили и на бродови, како и пробување на нови модни комбинации.

Лукас Браво кој во серијата ја толкува улогата на Габриел открил дека Емили ќе ја почитува повеќе културата којашто ја обиколува и каде што се наоѓа.

„Ќе стане член на заедница, повеќе нема да е изразено дека пристигнала од Америка“, изјавил Лукас за странските медиуми.

„Netflix“ на својот службен твитер профил најавил дека Џереми О. Харис ќе ја толкува улогата на легендарниот моден дизајнер, а Луциен Лависконт ќе биде во улога на Британец кој ќе стане сопственик на клубот „St. Tropez“.

Инаку, првата сезона од оваа серија се емитуваше минатата година на стриминг платформата на „Netflix“ и веднаш доживеа голема популарност. Многумина ја прозваа и за најлоша серија на „Netflix“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com