18 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Објавена загубена верзија на „Time“ од Фреди Меркјури

Најчитани вести

„Едноставна“ верзија на песната „Time“ која ја пее Фреди Меркјури, објавена е во четвртокот по долга потрага по неа. Ова е снимката која е направена во лондонското студио „ Abbey Road“ во 1986-та година.

Само во придружба на клавир, покојниот фронтмен на групата „Квин“ ја пее едноставната верзија на песната „Time“ која ја снимил како соло уметник со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.

Новата верзија на оваа песна е објавена под своето целосно име „Time Waits For No One“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести