33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жените

Најчитани вести

Улогата на жените лидери, посебно во градењето на мирот и спречувањето на конфликтите, е клучна во постигнувањето на целите за просперитетни и мирни општества и гаранција за зајакнување на нашите демократии, изјавија официјални претставници на ОБСЕ по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.

Тие укажаа на потребата да се засилат напорите и да се зголемат ресурсите за зајакнување на женското лидерство.

Исто така ја подвлекоа клучната улога на жените во обезбедувањето на закрепнување по пандемијата на Ковид-19.

„Економското зајакнување на жените и девојките е од суштинско значење за нивно значајно вклучување и еднакво учество во процесите за донесување одлуки, вклучително и решавање на конфликтите и градење на мир. Промовирањето на женското лидерство е важен аспект кога сакаме да го зголемиме целосното и ефективно учество на жените во процесите на донесување одлуки. ОБСЕ мора да игра важна улога во напорите за зајакнување на женското лидерство во општествата“, рече претседавајќи со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде.

Генералнната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, истакна дека подеднакво учество на жените во справувањето со пандемија е поважно од било кога.

„Ние мора да дадеме приоритет на напорите за унапредување на женското лидерство, преку професионално обучување и менторство, преку поддршка на женските мрежите за градење мир и преку обезбедување на родово чувствително работно опкружување“, посочи Шмит.

Официјални лица на ОБСЕ подвлекоа дека родовата еднаквост е предуслов за инклузивен мир, одржлив економски развој и демократско управување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести