Точно е дека Динамо Загреб долго време немаше победа во Лигата на шампионите, но по победата против Аталанта заслужи малку повеќе респект од обложувалниците.
Потценувачка е квотата за дуелот против Манчестер Сити во второто коло од групната фаза што се игра на Ел Итихад. За победа на Динамо коефициентот изнесува 19 (!!!) што одамна не е видено во елитното фудбалско натпреварување.
Од друга страна, за Манчестер е 1,10, па не се ни исплатува да се одигра на победа на актуелниот англиски шампион.