10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Обвинителството отвори истрага за нелегална трговија со дрога

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција , амфетамин, семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети законските основи, опасност од бегство и можност да го потвори делото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com