24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Обвинителството во Њујорк ќе ги испитува исплатите за Џулијани во истрагата за импичмент за Трамп

Најчитани вести

Сојузното обвинителство во Њујорк издало судски налог во кој бара записи од исплатите за Руди Џулијани, адвокатот на американскиот претсдател Доналд Трамп, во рамки на истрагата за импичмент.

Во налогот Џулијани не е назначен како осомничен за некој прекршок, но меѓу кривичните дела што се истражуваат се перење пари, онланј измами, злоупотреби на фондови за кампања , изнесување неточни тврдења, попречување на правдата и кршење на Законот за регистрација како странски агенти.

Во судскиот налог во кој агенциите имале увид се бара и обелоденување на лобирањата во корист на странски интереси.

Обвинителството бара да му се достават документи поврзани со Џулијани , канцеларијата „Џулијани партнерс“ и други лица или правни лица кои се однесуваат на неговата консултантска фирма, вклучувајќи ја и преписката.

Со налогот се бара и доставување документи за сите остварени или потенцијални исплати или договори со Џулијани.

Федералниот суд во Њујорк ја истражува поврзаноста на Џулијани со украинските енергетски проекти, како и за тоа дали тој ги прекршил сојузните закони за лобирање, што тој го негира.

Блумберг минатата недела јави дека федералниот обвинител на Менхетн го истражува финансиското работење на Џулијани, што може да вклучува и потенцијално кршење на финансиската кампања и непријавување како странски агент.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести