20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Обвинителството влезе во компанијата од која Рашковски набавуваше софтвер за МВР

Најчитани вести

Случајот Рашковски влегува во втора фаза. По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, претреси се извршени во фирмата „Инвока груп“ од која, во име на владата Рашковски го набави спорниот софтвер, како и во домот на сопственикот на фирмата.

Предистражната постапка Обвинителството ја почна пред речиси три недели, кога соопштија дека отвориле предмет по допрен глас во врска со набавката. Софтверот за сообраќајни прекршоци го креирал самиот Рашковски и за 81 илјади евра буџетски пари, поранешниот генерален секретар на Владата го купил од “Инвока” за потребите на МВР.

Од Министерството велат дека ниту барале таков софтвер, ниту пак тој некогаш бил ставен во употреба.

“Претресите ги потврди и шефицата на Обвинителството Вилма Русковска. Вели дека натамошната истрага ќе зависи од доказите кои ќе бидат обезбедени во просториите на Инвока, како и од домот на нејзиниот сопственик. Демантираше дека таква акција е извршена и во домот на Рашковски”

Веднаш по откривањето на аферата, Рашковски замина на одмор во Мексико. Демантираше дека е вмешан во каков било криминал или сомнителни активности. За случајот се заинтересира и Антикорупциската комисија.

Од владата не стигнаа конкретни коментари за случајот. Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски рече дека барањето за разрешување на Рашковски не е во негова надлежност туку на премиерот Заев, кој пак истакна дека не гледа конфликт на интереси во целиот случај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести