0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР Двајца државјани на Турција осомничени за злоупотреби со акцизна стока

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца државјани на Турција и против тетовска фирма , кои се осомничени за кривично дело – избегнување на плаќање акциза.

Според ОЈО, двајцата сториле кривично дело согласно член 279-б став 1 и став 5 соодветно, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничените, управител и одговорно лице во тетовското правно лице, се обиделе да пуштат во промет акцизни добра без акцизна дозвола, со што би избегнале плаќање на акциза во вкупен износ од 792.514 денари.

„На 6 март, на царинската испостава „Блаце“ осомничените пријавиле за увозно царинење 29.800 килограми бруто маса адитив, а на царинската испостава „Скопје 1“ уште 29.750 килограми бруто маса адитив. Двете пратки од испраќач од Обединетите Арапски Емирати имале приложена царинска декларација која се однесува на препарати против детонација, препарати за спречување оксидација, за спречување на таложење смола, подобрувачи на вискозитет, антикорозивни препарати и други адитиви за минерални масла. По извршена контрола и земени мостри од пријавената стока, било утврдено дека се работи за различна стока од наведената во царинската декларација, односно дека станува збор за масла добиени од нафта, средни и тешки масла за други намени“, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото, па до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени странски државјани.

Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена, кој за едниот осомничен е веќе ефективен, додека за другиот ќе се реализира по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com