9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Обвинителката Вилма Рускоска се приклучи кон акцијата за чистење на градот

Најчитани вести

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со 30-ина вработени, дојдоа на збирно место кај гаражата “26 јули” за да се приклучат на акцијата за чистење на градот.

Пред да почне акцијата, таа со список во рака, проверуваше кој од колегите дошол. Обвинителката рече дека е опремена со ќеса и ракавици.

Од таму се упатија кон Олимпискиот базен.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека ветингот е добра работа за прочистување во правосудството.

40 илјади административци денеска чистат ѓубре на повеќе локации во Скопје и во други градови низ државата.

Акцијата ја организира Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“. Целта е, како што најави министерот за администрација, Дамјан Манчевски, да се подигне свеста за чиста околина и заштитата на здрава животна средина.

На овој начин вработените го надоместуваат 2 јануари 2019, кој Владата го прогласи за неработен за сите државни институции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com