20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Обвинетиот Стевчо Јакимовски, ја оштетил општината за повеќе од 230 илјади евра

Најчитани вести

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до кривичниот суд достави обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и против уште десетмина други.

Поранешниот претседател на ГРОМ е обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“ затоа што во периодот од 2011-2017 година повеќекратно направил незаконски постапки за јавна набавка и за легализација на времени објекти од деловен карактер, како и приватизација на градежно земјиште сопственост на државата.

„Тој овозможил две фирми се стекнале со градежно земјиште под објект за цена од само 438 денари по метар квадратен иако според Ценовникот за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокација на Зони во Град Скопје тоа изнесува 18.000 денари. Според тоа, буџетот е оштетен за 31.410.000 денари.“ – стои во соопштението од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Стевчо Јакимовски за ТВ 24 вели дека немало никаква злоупотреба во овој случај.

„Обвинителството година и пол правеше истрага, побаравме да ги видиме доказите и ни беше дозволено. Минатиот четврток побаравме копија од одредени докази кои се соборливи и од законски аспект, проблематични, до денеска не ни се доставени за да можеме да ги дадеме нашите докази и мислиење за истите. Зошто му се брза на обвинителството јавноста нека процени сама.“ – вели Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на општина Карпош.

Претходно поради здравствени проблеми Стевчо Јакимовски за овој случај од судот доби мерка куќен притвор, а потоа по барање на обвинителството притворот му беше заменет со мерка на претпазливост.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com