Доналд Трамп и 18 негови сојузници се обвинети во Џорџија за обид да го поништат изборниот пораз во 2020 година во државата.
„По обвинението, како што е вообичаениот процес во законот во Џорџија, големата порота издаде налог за апсење на обвинетите. Им давам можност на обвинетите доброволно да се предадат најдоцна до пладне во петок, на 25-ти август 2023 година“, изјави Фани Вилис-окружен обвинител.
Поднесени се обвинија и за Марк Медоус, поранешниот шеф на кабинетот на Трамп во Белата куќа и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман. Ова е четврто обвинение за поранешниот претседател Трамп. Се изјасни за невин за обвиненијата од Њујорк, Флорида и Вашингтон.