17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Обвинение против сопственичката на Диамед

Најчитани вести

Обвинителството покрена обвинение против Вера Иванова сопственичката на компанијата Диамед, која што ја има лиценцата за Центри за дијализа низ државата.

Таа е обвинета дека како управител на трговското друштво Метрополитен во 2013 та година го добила тендерот за дијализа од Министерството за здравство. Но според обвинителството целта не било да ја извршува здравствената дејност 20 години на колку што е дадена лиценцата, туку само да профитира. Според oбвинителството доказ за ова е што фирмата Метрополитен станала основач на ПЗУ Дијамед и во февруари 2014 та го склучила договорот за дијализа со министерството.

Една година подоцна Иванова со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со странско правно лице шведската компанија Дијаверум за да ги продаде удели во Метрополитен. За да ја избегне обврската за добивање согласност од министерството уделот го пренела на метрополитен и покрај тоа што Диамед бил носител на лиценцата. Со ова министерството не можело да утврди дали шведската компанија ги исполнува истите тендерски услови. Вредноста на уделот од 3 700 евра пораснала на 11.560.000 евра за колку и го продала на шведската фирма со која во 2018 та го потпишала договорот за дијализа. Парите ги пуштила во оптек и тоа износ од 3.200.000 евра, на нејзина сметка во земјава и 8.300.000 евра, на сметка во банка во Монако. Сега се гони за злоупотреба на службената положба и перење пари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести