Обвинение против скопјанец што беше фатен со еден килограм марихуана

0

Скопје, 16 октомври- Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик.

„На 9 октомври полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблички и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес под тренирката му била пронајдена кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 1.010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба. Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка“, соопшти Обвинителството.