-5.5 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Обвинение за Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Најчитани вести

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, предмет познат како „Шпански скали“, истрага којашто беше отворена во јуни годинава. Обвинетите се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, а едно лице е обвинето за несовесно работење во службата.

Истрагата утврдила дека во период од 2010 до 2018 година, Јанакиески заедно со петмина службеници со неизвршување на своите службени должности постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист.

Во предметот се обвинети и:

-две службени лица кои вршат работи од јавен интерес и кои со неизвршување на својата службена должност, постапиле спротивно на Договорот за оттуѓување и Законот за нотаријат,

-едно лице, сопственик на правно лице, кое како соизвршител со особен придонес учествувало во извршување на делото доставувајќи вешти наоди и мислења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар

-едно лице кое во својство на службено лице неводејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, постапило спротивно на одредбите од Законот за државното правобранителство, како и

-едно службено лице кое со пропуштање на должен надзор – без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести