8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Обвинение за жената која со секира го уби сопругот

Најчитани вести

Скопското обвинителство поднесе обвинение за убиство против педесетгодишната жена која го уби својот сопруг во Студеничани.

– Обвинетата на 1 мај во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот, стои во соопштението на Обвинителството.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.

Најнови вести