Home » Нухиу: Желбата, агресивноста и борбата на фудбалерите на крајот беше наградена со победа

Нухиу: Желбата, агресивноста и борбата на фудбалерите на крајот беше наградена со победа

by Lina Muslija

Голот на Алмир Аганспаќиќ во судиското надоплнување на Шкендија ѝ донесе победнички старт во сезоната 2023/2024. Триумфот од 1-0 на теренот на Воска Спорт во Охрид на поранешниот шампион му го планираниот старт на новата кампања, додека шефот на стручниот штаб Ардијан Нухиу ја истакна борбеноста до поселедна минута на своите играчи.

„Лично мислам дека победата дојде со многу борба, со многу жар и сакам да им честитам на фудбалерите за нивната посветеност. Знаевме дека противникот ќе биде цврста „коска“ затоа што летово се засили со многу фудбалери. Но, желбата, агресивноста и борбата на фудбалерите на крајот беше наградена со победа. Исто така, исклучително значајна беше максималната поддршка од навивачите, на кои сакам да им се заблагодарам, кои во ниту еден момент не застанаа и им дадоа дополнителен мотив на играчите да продолжат кон остварување на целта“, рече Нухиу. 

Во второто коло, Шкендија на домашен терен ќе го нагости актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум. 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More