4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Нуредини: Природата не познава политички граници

Најчитани вести

На втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) во Трст, Италија, министерот Насер Нуредини се осврна на предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Нуредини во своето обраќање говорел и за последниот развој во рамките на Преспа парк договорот и ја истакнал потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела.

Втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на ЦЕИ беше посветена на управувањето и заштитата на водите, особено на односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина. На првата сесија говорниците дискутирале за предизвиците во управувањето со отпадот.

Министерот Нуредини присуствуваше на министерскиот состанок на покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Ратко Митровиќ во име на црногорското претседателство ЦЕИ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com