0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

НУЛА ОТПАД, НУЛА КОРУПЦИЈА, НУЛА КУЧИЊА СКИТНИЦИ – еве какви задачи м даде Ахмети на неговите кандидати за градоначалници

Најчитани вести

Пет програмски цели им зададе лидерот Али Ахмети на 17-те кандидати за градоначалници на партијата. Според него, изборната кампања треба да покаже како кандидатите ќе ја развијат уште повеќе нивната општина, но и повеќе од тоа, како ќе ги вклучат граѓаните повеќе и како ќе го слушнат секојдневно нивниот глас. Ахмети нагласи дека ДУИ се потрудиле да бидат партија која стои зад дадениот збор и оствареното дело.

Прво кандидатите на ДУИ треба да се држат до зелената агенда, а тоа подразбира чисти општини, без отпадоци по улиците и населбите, чиста вода за пиење, чист воздух, зеленило. 

Втората цел на ДУИ е дигиталната агенда. Тука градоначалниците на ДУИ треба да се застапуваат за дигитални услуги на администрацијата, дигитализација на училиштата, брз и квалитетен интернет во сите населени места, но и соодветна инфраструктура за тоа.

Третата е агендата на отворена врата, односно градоначалниците да се во служба на граѓаните и да не смее фа им се затвори врата. Четвртата цел е вклучување на граѓаните во носењето важни одлуки, а петата цел е одржување на довербата која ја добиле од граѓаните, по секоја цена.

„Затоа, новитет на овие избори е политиката НУЛА, што подразбира нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостаток на паркинг, нула градби без дозволи, нула негрижа за граѓаните. Овие пет завети не се само едно изборно ветување на нашите кандидати за градоначалници, но се нов задолжителен код на нашето однесување“, вели Ахмети.

ДУИ вчера објави 17 имиња на кандидати за градоначалник, најголем дел од нив е актуелни градоначалници. ДУИ на изборите во 2017 освои 10 градоначалнички места.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com