Home » Нуланд: Русија свесно одлучи „да ја уништи Украина и нејзиното цивилно население“

Нуланд: Русија свесно одлучи „да ја уништи Украина и нејзиното цивилно население“

by Журнал.мк

Американската дипломатија синоќа излезе со оправдување на обвинувањата за „геноцид“ што ден претходно ги изнесе претседателот Џо Бајден против Русија, обвинувајќи ги руските сили дека сакаат да „ја уништат Украина и нејзиното цивилно население“.

Американскиот претседател изненади со изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин спроведува „геноцид“ во Украина, признавајќи, сепак, дека за тоа ќе решаваат меѓународни правни експерти.

„Сметам дека откако ќе ги собереме сите докази ќе дојдеме до заклучок, како и претседателот Бајден, дека она што е случува на терен не е несреќен случај“, изјави за „Си-Ен-Ен“ американската државна потсекретарка, Викторија Нуланд.

„Русија и нејзините трупи свесно одлучија да ја уништат Украина и нејзиното цивилно население“, додаде таа.

Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторствата од 1948 година го опишува геноцидот како „злосторство извршено со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“.

Правниците секогаш се внимателни во однос на употребата на терминот, а западните лидери се поделени околу тоа.

Кремљ, од друга страна, ги оцени „неприфатливи“ таквите обвинувања од Бајден.

Американските дипломати, сепак, се обидуваат да ги ублажат последиците од таквите отворени обвиненија на претседателот, оценувајќи дека се работи првенствено за „морален“ став.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, вчера рече дека претседателот зборувал за „впечатокот што го стекнал гледајќи ги страшните снимки што сите ги видовме од местата како Мариупол, Буча, Харков и други“.

„Не е важно како ние ќе ги наречеме, туку како на нив ќе одговориме, а ќе одговориме решително, испраќајќи им на нашите украински партнери се што им е потребно да се одбранат. Независно дали се работи за воено злосторство, злосторство или геноцид, тоа нема да влијае врз нашата стратегија, тоа нема да ни даде дополнителни овластувања“, рече Прајс.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More