-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти

Најчитани вести

Независната угосстителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест.

– По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не и останува ништо друго туку веднаш по кратка постапка да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани, предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16 август, наведува НУК во соопштение.

Во однос на изјавата на министерот Крешник Бектеши, НУК бара од Владата „наместо да разгледува какви било други можности, разводнувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која се забранува влез на невакцинирани во угостителски објекти“, веднаш да сика седница и да го разгледа и усвои нивното барање доставено на 10 август за целосно и безусловно укинување на одлуката во кратка постапка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com