20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Носете брада, таа е корисна

Најчитани вести

Британски истражувачи извршија истражување и дојдоа до сознание дека мустаќите и брадата се корисни за здравјето на мажите.

Многу жени се незадоволни кога нивниот партнер ќе пушти брада, бидејќи на понежниот пол таа им создава доста непријатности. Мустаќите на пример се препорачуваат на астматичари, бидејќи не дозволуваат навлегување на алергени во дишните патишта. Тие се еден вид стапица за прав. Брадата пак го забавува стареењето, бидејќи влакнавоста по лицето им помага на мажите да ја задржат кожата млада.

Брадата, исто така, помага во борбата против настинка, бидејќи штити од навлегување на студениот воздух и ја зголемува температурата на вратот, што им помага да се ослободат од кашлицата кога е надвор студено времето.

Сега е лето и таа може да ви го штити лицето од сонцето и секако до колку сте на одмор да се одморите од секојдневното бричење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com