22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Норвешка донира 100 респиратори за македонските болници

Најчитани вести

Директоратот за здравство на Норвешка донира 100 респиратори за јавното здравство.

Министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче, на денешното примопредавање на донацијата му се заблагодарија на одбранбеното аташе на Норвешка, потполковникот Егил Далтвеит, за исклучителното залагање и за брзата и ефикасна организација на донацијата.

Шекеринска порача дека сета досегашна поддршка од Норвешка – медицинската помош, брзите тестови и, денеска, 100 респиратори, нема да биде заборавена и дека таа се должи на неколкумина исклучително посветени луѓе кои го засилиле пријателството помеѓу народите и државите.
Министерот Филипче рече дека овие респиратори се здравствен капацитет кој ќе има поширока примена и ќе се користи по завршувањето на оваа криза.

– Ова се респиратори коишто и по завршувањето на оваа криза, може да бидат составен дел од опремата на одделенијата за интензивна нега, обичните болнички одделенија сега речиси сите, а тоа се над 800 снабдени со централен довод на кислород – рече Филипче.

Потполковникот Далтвеит изјави дека донацијата на респираторите во вредност од 600.000 евра е организирана за само неколку дена.

– Помеѓу вооружените сили на Северна Македонија и на Кралството Норвешка има одлична соработка, којауште повеќе се интензивираше од членството во НАТО – порача Далтвеит.

Респираторите за итни случаи ќе бидат вклучени за транспорт на пациенти, но и во ковид-центрите низ целата држава. Овие респиратори на почетокот од светската пандемија се конструирани на иницијатива на Норвешкиот институт за истражување во одбраната, а производител на респираторите е „Лаердал“ и „Серви груп“, водечки светски производител на хидраулика и пневматика за медицинска опрема.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести