30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Ноев: На пописот да има графа „Бугари“, сакаме да се пребројат Бугарите во Македонија

Најчитани вести

Поранешниот бугарски министер и амбасадор на Бугарија во НАТО, Бојко Ноев, вели дека Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“, ако веќе има и за другите, пренесува „Дојче веле“.

– Давам пример – клучно прашање во контекст на правата на Бугарите во Македонија: претстои попис. Поставила ли Бугарија некакви прашања во врска со тоа пребројување? Прашалниците, според законот, ќе бидат на седум јазици: на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Нема бугарски. Што значи тоа? Дека македонскиот всушност е бугарски, или дека е дискриминиран голем дел од населението, од народот на Република Cеверна Македонија? Јас го мислам второто. За разлика од некои бугарски политичари, јас не сметам дека сите Македонци се Бугари. По прашањето за идентитетот сум категоричен дека има македонски идентитет кој е создаден во последните десетлетија, дека има луѓе кои говорат на јазик што тие сакаат да си го нарекуваат македонски – и во тоа нема никаков проблем. Јас сум категорично против, кога на Бугарите во Република Cеверна Македонија им се забранува да се изјаснат како Бугари, па се репресирани тие, и нивните деца. Бугарија треба категорично да и го постави прашањето на Република Cеверна Македонија: Ние сакаме Бугарите во Македонија да бидат пребројани. И не само да бидат пребројани, туку да не бидат дискриминирани, ако има графа за другите, сакаме да има и графа „Бугари“ – вели Ноев.

Тој потенцира дека Бугарија сака Бугарите во Македонија да бидат рамноправни и дека тоа е меѓународна норма, која е заведена во сите документи на ЕУ. Според него, без тоа, не постои начин да се продолжи.

– И бидејќи за историјата ќе биде потребно време, ќе треба време да се расчистат учебниците, така што правата на Бугарите во Cеверна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес – вели Ноев, додавајќи дека „некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести