16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Нов тренд на Скијатос кој е опасен по живот

Најчитани вести

Можноста за невообичаена фотографија е неодолива за селфи-авантуристите, кои за таа цел одат во радиоактивни градови, езера или се качуваат на огромни височини, поради што има и најмногу несреќни и смртни случаи.

На островот Скијатос, Грција, овие денови беше забележан еден таков, според многумина – непромислен потфат од страна на група туристи кои се сликаа под авион што полетува на само неколку метри над нивните глави.

Ниското полетување и слетување на овој остров е стара и веќе позната туристичка атракција, но овојпат британскиот авион леташе особено ниско, што дополнително ја зголеми опасноста да бидат повредени егзибиционистите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести