21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Нов софтвер во автомобилите на BMW пристига „по воздух“

Најчитани вести

Ова е 2021 година и BMW дефинитивно живее во неа. Клиентите исто така. Еден милион автомобили на BMW ширум светот ќе добијат нов софтвер, исто како во паметен телефон – далечински, со еден клик.

BMW го врши досега најголемото over-the-air освежување на софтверот во своите автомобили. Неделава започнува дистрибуирањето на најновата верзија на BMW Оперативниот систем 7 (Ver. 11/20).

Повеќе од 20 модели и вкупно еден милион возила на премиум производителот ширум светот ќе го добијат новиот софтвер. Тоа е најголема кампања за over-the-air вчитување на нов софтвер во европски рамки. Најголемиот напредок во новата верзија е интеграцијата на говорната услуга Amazon Alexa во пет држави. Понатаму, возачката или возачот можат брзо и лесно да се „логираат“ во својот автомобил со помош на апликацијата My BMW. Се збогатуваат и можностите за активна навигација со вклучување на поголем број држави. Клиентите ќе добијат Push-вест во возилото или на апликацијата за BMW на паметниот телефон, во моментот кога ќе биде подготвено овежувањето на софтверот во нивното возило.

Со длабинската интеграција на Amazon Alexa е можно во возилото да се користи говорната услуга на Amazon исто како дома. Тоа значи составување список за купување, пуштање вести или слушање музика. Секако дека од возилото може да се управува со смарт-уредите во домот. Во овој момент, новиот софтвер е достапен за Германија, Австрија, Велика Британија, Шпанија и Италија. Понатаму ќе следат и други држави.

Личниот профил за возење во BMW сега може брзо да се пренесе и во други возила на BMW, со помош на My BMW App, преку QR-Code-Scan. Тоа значи дека автоматски се пренесуваат местењата за климата и навигацијата, како и фаворитите. Во профилот може да се вклучени и позицијата на седиштето, ретровизорите и поставувањето на системите за асистенција. Доколку профилот е вчитан во клучот, тогаш местењата се пренесуваат уште во моментот кога клиентот ќе го отклучи автомобилот.

BMW M Laptimer гарантира уште поголемо уживање по тркачка патека и директно ги презема податоците од сензорите во возилото (гас, вртежи, G-метар и др.). Време на круг, време на возење и поминато растојание се достапни во секое време. Сите податоци може по возењето да се анализираат, за да се подобри времето на круг.

Со новите функции на BMW Intelligent Personal Assistant клиентите можат да уживаат во звукот на моделите на BMW M. На прашање од типот на „Еј BMW, како звучи BMW M8?“, може да се слушне како вистински звучи спортскиот автомобил.

Активната навигација, којашто дополнително ги ангажира системите за задржување на возилото во лента и за следење на лентата, отсега дејствува и во Франција, Португалија и Шпанија. Со оваа фунција се добива совет за престројување во друга лента, при следењето на советите од системот за навигација. Кога напред има празнина во колоната, системот препорачува истата да се престигне, нормално, кога се вози по автопат.

Збогатен обем на функциите

Во профилите за возење отсега може да се вчита и сопствена слика на профилот. Синхронизацијата се одвива едноставно, преку My BMW App.

За на клиентите да им се олесни бришењето на нивните лични податоци и поврзувањата преку My BMW App при предавање или преземање на возилото, отсега сите врски со BMW App односно со BMW ID се раздвојуваат автоматски, кога клиентот ќе ги врати фабричките местења на возилото.

Преку далечинското вчирување софтвер се обновува и прирачникот за ракување што е вчитан во автомобилот.

Возачите на BMW уште од 2018 година можат преку BMW Operating System 7 и Remote Software Upgrade лесно и брзо да го освежат софтверот во своите возила. Податоците се вчитуваат во заднина, а за целата инсталација на најобемните пакети со нов софтвер се потребни најмногу 20 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести