21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Нов светски рекорд во Индија, повеќе од 352.000 новозаболени со коронавирус

Најчитани вести

Индија постави нов црн светски рекорд во бројот на новозаболени лица со коронавирус. Во изминатите 24 часа се потврдени 352.991 нов случај на Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Индија надмина 17 милиони.

Индија е втора во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД.

Во изминатите 24 часа, 2.812 лица починаа како резултат на коронавирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 195.123.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести