Рома утре го пречекува Јувентус во натпревар кој има посебно значење во битката за Топ 4 пласман во Серија А, а Жозе Мурињо од денеска има дополнителен проблем.
Капитенот Лоренцо Пелегрини се разболел и иако веројатно се работи за обичен вирус, тоа може да биде доволно да не биде подготвен за дуелот на „Олимпико“.
Пелегрини денеска ќе мирува, а утре наутро ќе биде донесена конечната одлука, иако се чини дека Мурињо не е подготвен да ризикува со нецелосно подготвен играч во стартниот состав.
Самиот Мурињо е суспендиран и нема да биде на клупата, освен ако дисциплинците не ја прифатат жалбата на Рома.
„Волчицата“ во моментов е на петтото место на табелата и има девет бода повеќе од Јувентус.