9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Нов пресврт, Јувентус се предомислил и се повлекол од преговорите за продажба на Дибала

Најчитани вести

Прападна трансферот на Пауло Дибала во Тотнем, според пишувањата на БиБиСи, Јувентус се предомислил и решил да не го продава Аргентинецот.

Нов пресврт во најавениот трансфер на Пауло Дибала во Тотнем. Во вторникот вечерва се појавија гласини дека Јувентус прифатил понуда од 70 милиони евра.

Во прв момент се говореше дека Аргентинецот одбил да се пресели во Лондон, но утрово беше пренесено дека тој кажал ДА на понудата на „спарси“ и ќе биде дел од трите засилувања кои Тотнем треба да ги комплетира денеска.

Сепак попладнево пристигна информација дека трансферот пропаднал. БиБиСи пренесе дека Јувентус се предомислил, решил да не го продава напаѓачот и се повлекол од преговорите.

Дали ќе се случи уште некој пресврт до 18 часот останува да видиме.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com