15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Нов клуб за бугарско-македонско пријателство, меѓу основачите Бучковски, Георгиевски, Колозова, Дичев…

Најчитани вести

Преку онлајн платформата Зум денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство. Целта е, велат основачите, да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот” во кој моментално се наоѓаат, да се создаде активно граѓанско општество со претставници од двете земји кои ќе работат на зближување врз основа на европските вредности.

Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје”.
Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа.

Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов.

Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар” и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „Дело” Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com