20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Нов земјотрес во Јадранското Море, недалеку од Вис

Најчитани вести

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го стресе Јадранско Море, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Тоа беше шести земјотрес во областа, во последните 30 часа.

Епицентарот бил во близина на Вис.

Хрватскиот „Индекс“ известува дека земјотресот бил почувствуван и во дел од Далмација, го почувствувале жителите на Сплит, Шибеник, Задар.

Од таму потсетуваат дека,во Јадранското море се тресеше пред два дена, а според италијанската сеизмолошка служба, земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во поголемиот дел од јужна Италија и Далмација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести