11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Нов заем од ММФ, Македонија бара 600 милиони

Најчитани вести

Нов пакет помош чека стопанството од новиот заем кој државата го договара со  меѓународните институции.

Потребни се најмалку 600 милиони евра. Министерот за финансии Фатмир Бесими од пролетните средби во Вашингтон соопшти дека се преговара за заем со пониска камата од Еврообврзницата. Парите ќе се наменат за бизнисот и граѓаните. Стопанствениците велат дека најмногу пари во моментов им требаат за да ја подобрат ликвидноста.

„Ние треба тие средства треба да ги намениме за бизнис заедница бидејќи најголем товар од кризата го чуствуваат и покриваат токму тие. Наша надеж е дека тие пари таму ќе завршат, а не за социјални аспекти.“ кажа Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак смета дека најавените заеми ќе се користат само за враќање на стари доспеани долгови, според него во криза не е време за развојни политики.

„Овие 600 милиони што претстојат да се задолжи државата. Тие се средства кои Македонија нема можност да ги користи за друго освен враќање на стари долгови./ Очекувано беше дека Македонија ќе мора освен 1 милијарда за криза со пандемија сега исто и требаат за надминување на кризата од Украина. “ кажа Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии

Светската економија доживеа огромен удар од енергетската, а сега и кризата во Украина. Меѓународните институции и Народната банка веќе ја ревидираа стапката за раст на домашната економија од 4,2 на 3,2% годинава и 2,7 отсто наредната. Според експертката јавност ја живееме најголемата криза досега.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com