Home » Нов ден, нови дојави за поставени бомби во 18 училишта во Скопје

Нов ден, нови дојави за поставени бомби во 18 училишта во Скопје

by Журнал.мк

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.

„Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, наведуваат од МВР.

Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по сите направени проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk