Дојави за поставени експлозивни направи и денеска се стигнати на електронските адреси на основни и средни училишта во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи денеска „бомбашите“ испратиле имејл-адреси до 21 средно и 18 основни училишта.
Од МВР велат дека учениците и останатиот кадар во училиштата веднаш се евакуирани и во тек се проверки на објектите.
„Денеска, до 10.00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
се наведува во соопштението од МВР.