18.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ново рочиште за „27 април“, ќе се сослушуваат сведоци

Најчитани вести

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Организаторите на 27 април”. Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески.

Повеќето сведоци, сослушани на последното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред Собранието, како и дека немале никаква комуникација поврзана со протестите со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. И денеска ќе се испитуваат сведоци.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести