23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Ново рочиште за 27 април, за сведок повикан е и Ѓорге Иванов

Најчитани вести

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

За денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести