20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Ново откритие за Ковид-19: Не сме се заразиле од лилјаци, туку нивните антитела го неутрализираат вирусот

Најчитани вести

Коронавирус сличен на причинителот на глобалната пандемија е пронајден во крвта на пет лилјаци кои живеат во Тајланд. SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува Ковид-19, е 91,5 поблизу до генетскиот код на овој новоидентификуван вирус, наречен RacCS203.

Се смета дека вирусот не може да зарази луѓе, бидејќи не може да се поврзе со рецепторот ACE2 на човечките клетки, влезот на Ковид-19 во телото. Сепак, докажано е дека антителата кои циркулираат во крвта на овие заразени лилјаци, како и кај панголините, се ефикасни во неутрализирањето на вирусот SARS-CoV-2.

Овој биолошки парадокс покажува дека коронавирусите базирани на лилјаци не можат генерално да заразат луѓе, велат експертите. Наместо тоа, авторите на последната студија која ги содржи овие податоци веруваат дека коронавирусите развиваат способност да ги заразат човечките клетки откако претходно се префрлиле на домаќин посредник, како што е панголин. Тука тој мутира и малку ја менува својата форма, што му овозможува да се поврзе со ACE2, теоретизираат експертите.

Откритието е во согласност со вчерашното соопштение на Светската здравствена организација дека пандемијата најверојатно се случила природно, а коронавирусот не излегол од лабораторија.

Истражувачите предводени од Универзитетот Чулалонгкорн во Бангкок зеле примерок од лилјаци во прибежиште за диви животни во источен Тајланд. Тие извршиле геномско секвенционирање на новиот вирус за да откријат колку е тесно поврзан со другите коронавируси, вклучително и SARS-CoV-2. Откриле дека најблискиот роднина на новиот вирус се нарекува RmYNO2, вирус кој е 93,6 проценти идентичен со SARS-CoV-2. Но, иако се генетски слични (имаат 91,5 процент идентичност), SARS-CoV-2 и RacCS203 (новиот вирус кај тајландските лилјаци), имаат клучни разлики. На пример, иако шилестите протеини на двата вируси се генетски слични, клучниот дел на шилата што се врзуваат за човечки рецептори е многу различен по форма, што го прави невозможно новиот вирус да се поврзе со човечките ACE2 клетки.

Откривањето на новиот вирус додава информации на растечката банка на знаење за семејството коронавируси на кое припаѓа SARS-CoV-2. Претходно, слични вируси беа пронајдени само во Кина и Јапонија, но присуството на овој вид во Тајланд покажува дека има многу повеќе отколку што се сметаше порано, веројатно распространети на опсег од 3.000 милји во Југоисточна Азија.

Професорот Мартин Хиберд од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, кој не беше вклучен во истражувањето, рече дека „ова ново откритие од Тајланд ја нагласува широката распространетост на лилјаците и вирусите, што може да ја вклучува и причината за сегашната епидемија“. Според него, студијата идентификувала уште еден коронавирус кај лилјаци за кој се смета дека е поврзан со видот SARS-CoV-2 koj во моментов предизвикува човечка пандемија.

Вируси тесно поврзани со SARS-CoV-2 се среќаваат кај четири видови лилјаци, за кои се знае дека се „резервоари“ на многу патогени. Опсегот на овие видови се протега на запад до Индија, ја опфаќа цела јужна Кина и достигнува до Јапонија на исток. Јужниот крај на нивниот опсег ги вклучува Филипините и Сингапур.

Научниците сакаат да ја откријат еволуцијата на вирусот SARS-CoV-2 за да откријат од каде потекнува, за да се спречат идните епидемии на слични патогени.

Меѓународниот тим кинески експерти и експерти од Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека животното од кое потекнува коронавирусот не е пронајдено и оти нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу порано пред да биде откриен.

Преносот од животно е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“, изјави на прес-конференцијата шефот на делегацијата кинески научници, Лианг Ваниан.

– Нема доволно докази за да се утврди дека Sars-Cov-2 се проширил во Вухан пред декември 2019 година, рече Лианг.

Шефот на делегацијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, изјави дека пренесувањето на коронавирус од првото животно, а потоа и од второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето, е „најверојатната“ хипотеза.

Сепак, тоа бара „поконкретно и насочено истражување“, рече тој.

Ембарек исто така оцени дека хипотезата оти коронавирусот „избегал“ од лабораторија е „крајно неверојатна“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести