19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Ново зголемување на цената на бензините и дизелот

Најчитани вести

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 36,211 ден/кг.

Од 16.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 57,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,211 (денари/килограм)

„Минатата недела цените на двата референтни типа нафта, Брент и американската WTI, на светските берзи бележат раст како резултат на намалената испорака од сурова нафта од страна на големите произведувачи. Дополнително влијае и факторот на имунизација кој влева оптимизам за враќање во нормала на економскиот живот со што се очекува и оправување на побарувачката од сурова нафта на светскиот пазар во втората половина од оваа година.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести