12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Новото Windows 10 ажурирање предизвикува пад на системот

Најчитани вести

Најновата надградба на Windows 10, по кој знае кој пат им носи проблеми на корисниците. Како што пренесува сајтот Gizmodo, многумина кои се обиделе да отпечатат документ од Notepad, Microsoft Office и слично, имале непријатно искуство со „синиот екран на смртта“.

Microsoft е исто така свесен за оваа грешка, па компанијата ги информираше корисниците за тоа на официјалниот блог. Сепак, сè уште не објави софтверска закрпа за решавање на проблемот.

Порталот „Windows Lates“ наведува дека „синиот екран“ при печатење е многу чест кај оние кои неодамна го ажурирале Windows.

Како да се реши проблемот?

Некои одлучија да се обратат до социјалните мрежи во потрага по решение. На Reddit, прашањето стигна и до разни сервисери, кои ги дадоа следниве упатства ако падне системот, кога ќе се обидете нешто да испечатите:

Settings -> Update & Security -> Windows Update -> View Update History -> Uninstall Updates -> Uninstall.

На овој начин ќе го избришете најновото ажурирање што го предизвикало проблемот, односно ќе го вратите својот Widnows 10 на претходната верзија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести