9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Новото истражување сугерира дека електронските цигари ја намалуваат густината на коските

Најчитани вести

Една нова студија сугерира дека испарувањето може да доведе до кршливи коски кај помладите возрасни лица.

Познато е дека испарувањето може сериозно да ги оштети белите дробови, особено ако се земе предвид зголемувањето на бројот на хоспитализирани поради консумирање на електронските цигари.

Но, покрај акутните проблеми со белите дробови, експертите се загрижени дека електронските цигари, исто како и обичните цигари, можат да оштетат голем број други органи.

Една нова студија сугерира дека испарувањето може да доведе до кршливи коски кај помладите возрасни лица, пренесува EurekaAlert.

Д-р Dayawa D. Agoons од Пенсилванија започна нова студија за штетноста на е-цигарите откако примил помлада пациентка со фрактура на вратот на бедрената коска. Девојчето било пушач, а користела електронски цигари за да ѝ помогне во откажување од цигарите.

Младите луѓе би можеле да бидат особено ранливи

Научниците утврдиле врска помеѓу пушењето и остеопорозата, но слична врска помеѓу испарувањето и остеопорозата допрва треба да се истражи, пишува Mic. Сепак, една анализа покажала дека возрасните кои користеле електронски цигари имале 46 пати поголема веројатност да страдаат од фрактури предизвикани од остеопороза.

Бидејќи испарувањето е многу почеста кај младите луѓе, студијата имплицира дека младите долгорочни корисници на е-цигари може да имаат зголемен ризик од фрактури на коските поради остеопороза.

Во овој момент, не може дефинитивно да се заклучи дека е-цигарите предизвикуваат кршливи коски. Електронските цигари содржат значителни количини на никотин, кој може да ја наруши активноста на клетките одговорни за формирање на коските, како и производството и метаболизмот на витаминот Д и одредени хормони, со што се намалува густината на коските.

Научниците допрва треба да спроведат студии за зајакнување на врската помеѓу цигарите и кршливите коски, но новото истражување сугерира дека електронските цигари не се безбедна алтернатива за класичните цигари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести