15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Нови MacBook Pro лаптопи со М2 чип ќе бидат објавени подоцна годинава

Најчитани вести

Иако најновиот M1 MacBook Pro на Apple е стар помалку од шест месеци, компанијата очигледно работи на следната генерација лаптопи, кои ќе бидат напојувани од чипот М2, се вели во извештајот. Новите Pro лаптопи на компанијата се очекува да бидат редизајнирани, да имаат помали рамки околу екраните и да дојдат во големини од 14 и 16 инчи. Покрај тоа, се очекува враќање на MagSafe приклучокот за полнење, како и HDMI и порт за мемориски SD картички.

Овој нов чип, наводно, ќе го произведува тајванската фирма TSMC, и ќе биде базиран на процес од 4 нанометри. Актуелниот М1 чип е направен на технологија во 5 нанометарски процес и има 16 милијарди транзистори, што е најмногу што Apple некогаш вградил во некој чип.

Пакувањето на повеќе транзистори во парче силикон би значело додавање на поголема моќност, така што префрлувањето од 5nm во 4nm процес треба да резултира со значително зголемување на перформансите. Според DigiTimes, производството на чип од 4 nm доаѓа порано од предвиденото, бидејќи според претходниот план на компанијата, излегувањето на чипот на пазарот беше во 2022. година.

Подобрувањето на перформансите на M1 би било одлично, посебно затоа што M1 во сегашните MacBook Pro и MacBook Air апсолутно воодушеви со перформансите, но и во однос на конкуренцијата.

За жал, М2 најверојатно нема да биде во претстојниот редизајниран iMac што се очекува оваа пролет. Наместо тоа, новите iMac модели се очекува да користат десктоп верзија на М1 чипот, што се очекува да биде подобар од M1 во MacBook Air и Mac Mini.

Новите iMac компјутери се очекува да бидат објавени во периодот меѓу април и јуни, но не се очекува тогаш да бидат претставени новите MacBook Pro лаптопи со М2 чип. Веројатно ќе мора да почекама на есенски настан на компанијата за такво нешто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести