Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи со Ковид-19 и 61 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се осум реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 55 случаи од Скопје се 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1
Од 61 оздравен пациент од Скопје се 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1
Направени се 1.002 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-15, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–37, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-27, Биотек-41, Систина-18, лабораторија Лаор-16, Синлаб-6, Ремедика-11, Плодност-18, Генеа-9, Никоб Лаб-71, ВФВ Медикал-5, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 523.
Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а на активни случаи изнесува 431.