8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Нови 467 случаи на Ковид-19, починале 14 лица

Најчитани вести

Во последните 24 часа регистрирани се нови 467 случаи на Ковид-10, од направени 3.512 тестирања. Оздравени се 496 пациенти, а починале 14 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 245, Куманово 47, Велес 27, Прилеп 21, Кавадарци 17, Кичево 13, Кочани 12, Битола 11, Крива Паланка 9, Охрид 8, Тетово и Струмица по 6, Штип, Радовиш и Валандово по 5, Кратово и Крушево по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица по 1.

Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од Скопје 269, Куманово 51, Струмица 23, Велес 21, Прилеп 20, Битола и Тетово по 15, Штип 14, Кавадарци и Кичево по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница по 4, Пробиштип и Ресен по 3, Кочани и Делчево по 2, Охрид, Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица, 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 8 до 28 септември оваа година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.512 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-57, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-187, Биотек-265, Систина-114, лабораторија Лаор-144, Синлаб-24, Ремедика-29, Плодност–46, Генеа-10, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-60, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com