Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 2 одлучи да му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно“.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП“, информираа од Судот.