Пејачката Ана Николиќ ги загрижи фановите откако неодамна се појави видео од нејзиното лице со дупки и живи рани, а сега повторно е во центарот на вниманието поради најновата видео снимка која исто така е повеќе од загрижувачка.
Имено таа позирала во зелен фустан во еден бутик, но наместо сите да гледаат во нејзината облека, сите се шокираа од нејзините модрици и рани по нозете.
Како што се шпекулира, модриците настанале откако паднала по скали за време на роденденот на нејзината ќерка Тара на почетокот на месецов.
„Што е со нејзините нозе“, „какви и се овие модрици“, „ме загрижува“, „повторно има некои проблеми“, „ова баш изгледа лошо“, се само дел од коментарите.