-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Нови фотографии го најавуваат дизајнот на екраните на Samsung Galaxy S22 серијата

Најчитани вести

Лансирањето на Samsung Galaxy S22 серијата полека, но сигурно се приближува. Засега не се знае многу за оваа претстојна серија флегшип паметни телефони.

Дојавувачот Ice Universe (@UniverseIce) сподели неколку фотографии од она што се чини дека е заштита на екранот на претстојната Samsung Galaxy S22 серија. Како што е споменато, фотографиите покажуваат дека еден од смартфоните, веројатно Galaxy S22 Ultra, ќе добие квадратни агли на екранот. Останатите два уреда се прикажани со заоблени рабови.

Сите три заштити на екранот се прикажани со отвор во кој ќе се наоѓа селфи камерата, иако Ultra верзијата беше најавувано дека може да пристигне со засек во облик на капка во врвот на дисплејот, или со селфи камера во S-Pen пенкалото. Исто така, прво што ни паѓа на ум е дека Galaxy S22 Ultra моделот може да биде и повеќе од достоен наследник на Note серијата, која Samsung повеќе не ја произведува.

Секако, заштитите за екранот не нудат многу увид во дизајнот на претстојната флегшип серија на Самсунг, но ја сугерираат разликата во големините на трите паметни телефони. Фотографиите покажуваат и дека Galaxy S22 серијата може да има исклучително тенки рамки од сите четири страни, што го потврдува и извештајот од минатиот месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com